Мајка ја удирала 13-годишната ќерка со маша по главата и ја избркала на улица

by fokus

Мајка од селото Трубарево ја претепала нејзината 13-годишна ќерка и ја избркала од дома. Настанот во полиција вчера попладне го пријавила сосетка, според која девојчето пред да биде избркано на улица било малтретирано од нејзината мајка.

Полициски службеници го однеле 13-годишното девојче на скопските клиники „Мајка Тереза“ каде и се констатирани телесни повреди. Таму појаснило дека ги добило од удар со маша по глава од страна на неговата мајка.

По извршениот преглед, детето било донесено во Полициска станица Гази Баба, каде што биле повикани инспектор за малолетници и интервентен тим од Центар за социјални работи.

Поврзани новости