Отишла на интервју за работа, нејзиниот сопруг полицаец отишол таму и ја влечел за коса

by Fokus

Триесет и тригодишна скопјанка пријавила дека нејзиниот сопруг ја нападнал, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 16,30 часот во Полициско одделение“Петровец“, Ј.К.(33) пријавила дека околу 14,00 часот во фирма во с.Марино, каде што била на интервју за работа, дошол нејзиниот сопруг П.К. (36) инаку полициски службеник со кого не живеат заедно околу една година и истиот почнал да ја навредува и да ја влече за коса.

Ј.К. побарала лекарска помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за што приложила медицинска документација. Веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички работи и професионални стандарди и од П.К.  биле одземени службеното оружје, палката и лисиците за врзување.

Полизијата презема мерки за целосно  расчистување на случајот.

Поврзани новости