169
Кинескиот претседател Си Џинпинг денес побара отворање на Ормутскиот теснец за сообраќај, во телефонски разговор со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.
Си рече дека Пекинг поддржува итен и сеопфатен прекин на огнот и напори за враќање на мирот на Блискиот Исток, пренесува АП.
Принцот Мохамед изјави дека Саудиска Арабија е посветена на решавање на конфликтот преку дијалог и изрази надеж дека ќе се избегне ескалација на конфликтот.
Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Кина, еден од главните трговски партнери на Соединетите Американски Држави, со царини од 50 проценти на нејзините стоки доколку Пекинг му пружи воена помош на Иран во војната на Блискиот Исток.