161
Американскиот претседател Доналд Трамп за Fox News изјави дека денеска во Пакистан ќе биде потпишан договор со Иран.
Трамп претходно во интервју за New York Post наведе дека американска делегација предводена од потпретседателот Џеј Ди Венс е на пат кон Исламабад.
Тој посочи и дека е подготвен да се сретне со највисоките ирански претставници доколку се постигне напредок во разговорите.
– Треба да се води дијалог со Иран, претпоставувам дека во оваа фаза никој не игра игри, истакна Трамп, при тоа додавајќи оти клучно барања е Иран да се откаже од поседување нуклеарно оружје.