Шведскиот премиер: Се надевам на брзо одобрување на членството во НАТО, по изборите во Турција

by Fokus

Шведскиот премиер Улф Кристерсон денеска изјави дека се надева оти Анкара брзо ќе го ратификува приемот на Шведска во НАТО, по претседателските и парламентарните избори во Турција на 14 мај.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој беше домаќин на Кристерсон во Берлин, рече дека приемот на Шведска и Финска, кои аплицираа за членство во Организацијата на Северноатлантскиот договор минатата година, е „клучен за безбедноста“, објави Ројтерс.

Претходно денеска, британската новинска агенција објави, повикувајќи се на двајца неименувани турски претставници, дека Турција планира да ја одобри кандидатурата на Финска за НАТО пред изборите, независно од Шведска.

Поврзани новости