Шведска реши децата да се вакцинираат со „Фајзер“

by Fokus

Шведската Агенција за јавно здравје соопшти дека ја препорачува за аплицирање вакцината „Комирнати“ на „Фајзер/Бионтек“ кај деца на возраст од 12 до 15 години и воедно информира дека нема да ја користи конкурентната вакцина „Спајквакс“ на Модерна.

Европската агенција за лекови ја одобри употребата на „Комирнати“ во мај, додека „Спиквакс“ доби одобрение за употреба кај деца над 12 години во јули.

-Општо земено, имаме причина да ја избереме вакцината за која најмногу знаеме и која е најдокажана кога станува збор за деца на возраст од 12 до 15 години, нагласи државниот епидемиолог Андерс Тегнел.

Шведските здравствени власти велат дека има повеќе докази за употреба на „Комирнати“ кај деца.

-Затоа, ‘Спајквакс’ не се препорачува за најраната возрасна група во Шведска, велат од агенцијата. Во септември, агенцијата објави дека вакцинацијата на деца на возраст од 12 години и над, ќе започне на 11 октомври.

Европската агенција за лекови во мај даде зелено светло за употреба на вакцината на „Фајзер“ за деца помеѓу 12 и 15-годишна возраст. Вакцината е веќе одобрена за лица над 16-годишна возраст и ќе се аплицира во две дози исто како и кај другите возрасни групи.

Во јули, ЕМА ја одобри употребата и на вакцината против коронавирусот на компанијата „Модерна“ за деца на возраст од 12 до 17 години.

Поврзани новости