Шведска најави воена поддршка за Украина од над 630 милиони евра

by Fokus

Шведските власти денеска соопштија дека ќе испратат нова воена помош за Украина во вид на опрема во вредност од 7,1 милијарди круни, што е околу 633 милиони евра.

„Причината зошто продолжуваме да ја поддржуваме Украина е прашање на хуманост и внимание. Русија започна нелегална, неиспровоцирана и неоправдана војна“, изјави денеска за новинарите шведскиот министер за одбрана – Пал Јонсон.

Најголемиот дел од помошта се состои од артилериска муниција, воени бродови, подводно оружје (мини и торпеда), противтенковски проектили, гранати и противвоздушни системи што ги побара Киев.

Овој пакет помош, петнаесеттиот што го доделува Стокхолм од почетокот на војната, доаѓа неколку дена пред симболичниот датум 24 февруари, втората годишнина од руската инвазија на Украина.

„Ситуацијата во Украина е тешка“, рече шведскиот министер за одбрана, кој вети дека ќе го поддржува Киев се додека е потребно.

Поврзани новости