Швајцарскиот фонд, кој најавува големи инвестиции во ФЕНИ, тежи милијарда долари

by Фокус

Од шварцарскиот фонд Фос Асет Менаџмент, кој со банките доверители на ФЕНИ потпиша меморандум за разбирање и депонираше три милиони евра, велат дека поседуваат финансиски капацитет да инвестираат во комбинатот.

„Ова е сериозен бизнис и како таков бара сериозни инвестиции и оператори. Имаме план веднаш да ја рестартираме фабриката ФЕНИ, постепено да ги прошируваме нејзините операции и да оствариме дополнителни вработувања на долг рок. Веќе го направивме бараниот депозит од страна на банките, согласно нашите обврски во Меморандумот за разбирање. Многу сме среќни што платите на вработените беа исплатени оваа недела“, истакнуваат од фондот.

Од таму посочуваат дека во 2015 година од швајцарски Гленкор купиле рудник и фабрика за фероникел во Доминиканската република. Од бугарски Енеког, која, исто така, беше заинтересирана да инвестира во ФЕНИ, велат дека се работи за мистериозна офшор компанија, без да биде познат крајниот сопсвеник. Меѓутоа, од Комерцијална банка, како еден од поголемите доверители, тврдат дека ја провериле компанијата, која, според банката, е исклучително сериозна инситуција, чиј капитал тежи една милијарада долари.

Поврзани новости