Денеска, пред точно 18 години, е формирана Шумската полиција, чие функционирање е важен аспект за граѓаните, бидејќи се обезбедува заштита на шумското богатство на Република Македонија. Припадниците на шумската полиција заслужуваат честитки за нивното ангажирање и извршување на своите секојдневни и тешки работни задачи, бидејќи многупати се изложени на напади и опасност по нивните животи, вели Љупчо Николовски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,честитајќи го роденденот на шумската полиција.
Сепак тој потсети дека овој сектор е заборавен од сите и опстојува во мизерни услови.
-Состојбата во последните години во овој сектор е катастрофална, без основни услови за работа. Овој сектор е запоставен и материјално и финансиски. Затоа, честитајќи го овој значаен ден на припадниците на шумската полиција, им порачувам да истраат во изршувањето на нивните должности, бидејќи со промената ќе им бидат овозможени услови за нормално функционирање и враќање на достоинството на нивната професија, истакна Николовски.