Правењето ајвар на јавни површини може да ве чини прескапо, бидејќи инспекторите можат да ви напишат казна од 50 евра. Од Градот Скопје велат дека дневно се изрекуваат по десетина казни за палење ќумбе во дворовите на зградите.
Градските власти објаснуваат дека користењето на јавните површини за приготвување зимници значи и уништување на јавните површини, а тоа е забрането уште од 2008 година.