447
Околу стотина работници од компанијата „Трансмет“ на Сеад Кочан кои работат на изградба на автопатот Кичево – Охрид денеска протестираа поради неисплатени три плати и придонеси за пензиско и здравствено осигурување.
Тие најавуваат дека ќе продолжат со протестите и во наредните неколку денови, а утре најверојатно кај селото Извор ќе го блокираат локалното седиште на кинеската компанија Синехидро, која е главен изведувач на работите.
Од фирмата, пак уверуваат дека до крајот на оваа недела ќе бидат исплатени две од заостанатите три плати и оти работите на автопатот ќе продолжат.