Што значи скрининг-процесот, кој започнува денес?

by Фокус

Денес попладне во Брисел започнува состанокот за отпочнување со скрининг-процесот. Како што соопштија од владината прес-служба, скринингот ќе се состои од две под-фази односно процеси.

Едниот од процесите е објаснувачки скрининг на кој Европската Комисија ќе направи ажурирање на релевантното право на ЕУ со оглед на тоа што се поминати неколку години од одржувањето на првичните објаснувачките состаноци, а истовремено ќе тече и уште еден со процесот на билатерален скрининг.

Преку билатералниот процес земјата ќе треба да го презентира степенот на усогласеност со правото на ЕУ и плановите за понатамошно усогласување, градење на институционалните и административните капацитети, како и потребните човечки, финансиски и ИТ ресурси за спроведување на европските стандарди.

„Овие процеси ќе се спроведуваат во период кој би траел најмалку една година и согласно новата Методологија на ниво на кластери. Календарот за спроведување на скринингот ќе се дефинира во соработка со Европската Комисија, се наведува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста.

Поврзани новости