Што симболизираат боите на Милевска и Фетаи: Бети сака да контролира, Фатиме да смирува

by fokus

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, која што важи за една од најдотераните жени во политиката кај нас, денес на појавувањето на распит во Основниот суд Скопје 1, изненади со промената на стилот. Иако таа влезе во судот од задната врата, за да ги избегне камерите, сепак нашиот репортер успеа да ја фотографира, а на фотографијата за изненадување, може да се забележи дека министерката наместо во строгите здолништа, кошули и фустани во бела боја, кои што се нејзин најчест моден избор, е облечена во црни панталони и црна наметка.

Во истата модна комбинација таа се појави и вчера во Прилеп, во Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј- Прилеп, а ден претходно, и во Охрид во манастирскиот комплекс „Св. Богородица Перивлепта“ присуствуваше облечена во црно здолниште и сако.

thumbnail_beti4

Она што и паѓа во очи на јавноста која ги следи модните крикови на политачарите е тоа што, дали намерно или случајно, откако беше осомничена во случајот ,,Тендери“, кој специјалното обвинителство го објави минатиот четврток, Милевска како да заборави на белите модни комбинации и постојано е облечена во црно. Не знаеме дали драстичната промена и е во склад со сезоната, или пак со нејзиното расположение.
thumbnail_beti1
Според аналитичарите на бои, тие го одредуваат расположението и енергијата на личноста, а белата боја симболизира моќ и чистота, и најчесто облечени во оваа боја се луѓето кои се фокусирани на остварувањето на своите лични цели, кои се емотивно недостапни и ладни. Во Германија, на пример, судиите носат бела вратоврска, која што го симболизира нивното непристрасно судење. Додека пак за црната, во која што министерката се појавува во изминатата недела, се смета дека ја носи личност која што се обидува да ја контролира околината и партнерот, но исто така и помага пред другите да се претстави како лидер.14872477_10210724313407689_279156605_n ФОТО: СДК

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи утрово во Основниот суд Скопје 1 се појави во бела кошула, сиви пантолони и темно сино сако и класични темно сини салонки.

За сината се смета дека е боја на небото и морето. Често, таа асоцира на длабочина и стабилност. Оваа боја симболизира доверба, лојалност, мудрост, самодоверба, интелигенција, вера, вистина и рај. Сината се смета како корисна за телото и умот. Таа го забавува човечкиот метаболизам и произведува еден фин смирувачки ефект. Сината е силно поврзана со спокојството и смиреноста. Во хералдиката, сината боја се користи за да симболизира побожност и искреност. Темно сината претставува знаење, моќ, интегритет и сериозност.

По завршувањето на распитот, Канческа сепак се појави пред новинарите, видно возенмирена и нерасположена да дава изјави. Таа е осомничена во предметот „Тендери“, за кој според СЈО има докази за проневерени 1 милион евра.

Вики Клинчарова
 
 

Поврзани новости