Опозициската десница пред конечен договор за заеднички изборен настап

by Фокус 14:32
14:32

Демократскиот сојуз, ВМРО-Народна партија, Обединети за Македонија, Достоинство, ФРОДЕМ и уште неколку „помали“ партии се пред конечен договор за формирање на предизборна централнодесничарска коалиција.

Како што брифираат од партиите вклучени во преговорите, нивните лидери денеска водат интензивни преговори, при што договорени се носителите на пратеничките, па Павле Трајанов ќе биде носител во „единицата“, Јове Кекеноски во „двојката“, Љубчо Георгиевски во „тројката“, Стојанче Ангелов во „четворката“ и Љубе Бошкоски во „петката“.

- Advertisements -

Единственото отворено прашање е, велат нашите соговорници, носителското место во шестата изборна област, но и вторите места во сите изборни единици, со оглед дека анкетите што ги нарачале овие партии за интерна употреба покажале дека и вториот на листите има реални шанси да влезе во парламентот.

Фокус неофицијално дознава дека и последното испитување на јавното мислење нарачано од опозицискиот СДСМ покажало дека сите опозициски партии самостојно имаат за нецел процент повисок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски партнери.

В.С.

Поврзани новости