Што му одговори македонската Влада на Френк Ла Ру за избрканите новинари на 24. декември?

by Фокус

Според македонската влада новинарите на 24. декември 2012 не биле избркани од Парламентот, туку биле советувани да ја напуштат собраниската сала се додека не се воспоставиле нормални услови за работа. Ова е владината забелешка на извештајот што го составил специјалниот известувач на ОН за слобода на мислење и изразување, Френк Ла Ру кој ја посети Македонија лани во јуни.

Screenshot 2014-06-11 15.14.53Имено, вчера попладне Ла Ру го претставил извештајот за неговата посета на земјава пред Советот за човекови права на ОН .

Известувачот во обемниот материјал напишал дека тензиите меѓу Владата, опозициските партии, претставниците на граѓанското општество и на новинарските здруженија се вжештиле откако опозиционерите и новинарите биле истерани од собраниската галерија за време на гласањето на буџетот за 2013.

Во извештајот Ла Ру пишува и за тужбите кон „Фокус“, затворањето на А1 и на А2 телевизија, за судскиот процес против новинарот Томислав Кежаровски и за уште неколку жешки теми поврзани со слободата на изразувањето во Македонија.

Поврзани новости