ВМРО-ДПМНЕ: ТМ е школски пример за продолжена рака на СДСМ

by Фокус

„Транспарентност Македонија“ повторно се појавува во форма на партиска испостава и продолжена рака на СДСМ, во период кога СДСМ се занимава со своите внатрепартиски случувања, реагираше денеска ВМРО-ДПМНЕ на мајскиот извештај на оваа невладина организација.

„ТМ е школски пример за продолжена рака и партиска испостава на СДСМ која во јавноста излегува по наредба на раководството на СДСМ. Дека тоа е така ни говори и фактот што членови на „Транспарентност Македонија“ се партиски функционери и луѓе блиски до СДСМ од типот на Ванчо Узунов, Гордан Ѓорѓиев, Ѓунер Исмаил, Дане Талески, Сашо Орданоски и други. Ова нарачано дефокусирање на јавноста од страна на партиската испостава на СДСМ, „Транспарентност Македонија“, е само потврда дека опозицијата сака да ја дефокусира и замајува јавноста додека самите тие прават ненадоместливи штети на државата, а воедно и имаат сериозни внатрепартиски проблеми околу мандатите“, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ТМ најверојатно е финансирана од парите на Сорос и на Владимир Милчин.

Поврзани новости