Стевче Јакимовски бара 80.000 евра од СДСМ

by Фокус 14:21
14:21

Стевче Јакимовски, лидер на ГРОМ и прв човек на општина Карпош поднел тужба против координаторката на советничката група на СДСМ, Магдалена Несторовска и коалиционите партнери. Уште две тужби се поднесени, една од фирмата, што ја набавила спортската опрема, и другата од општина Карпош. со што се бара вкупна оштета од 80.000 евра, информираат од опозицискиот СДСМ.

– До каде одат апсурдите на владеењето на Никола Груевски, покажува потегот на неговиот коалициски партнер во општината Карпош, Стевчо Јакимовски. За прес конференциите на СДСМ дека Јакимовски, со фирма блиска до власта на Груевски договорил тендери тешки околу 120.000 евра за набавка на спортски гаќи, за што постојат официјални документи на страницата на Бирото за јавни набавки, поднесени се три тужби. Од координаторката на советничката група на СДСМ и на коалициските партнери, Магдалена Несторовска, се бара оштета од 80.000 евра – се наведува во соопштението на СДСМ.

- Advertising -

Според СДСМ, една од тужбите е од градоначалникот нa Карпош, кој се жали дека Несторовска, со прес конференциите за набавката на спортските гаќи, му ги нарушила угледот и честа.

– Јакимовски тврди дека поради пресовите за спортските гаќи, партијата ГРОМ на Јакимовски изгубила на изборите во Карпош?! За тоа Јакимовски прво ја проценил штетата во 50 илјади евра, а потоа дополнително се  пресметал и бара оштета од 30.000 евра. Другите две тужби се од фирмата од којашто е набавена спортската опрема, за што постојат официјални документи – договори, а третата е од самата општина Карпош, со којашто Јакимовски решил да се идентификува – се наведува во соопштението.

Од таму додаваат дека, Јакимовски, кој жестоко го критикуваше Никола Груевски за недемократско и режимско владеење кога беше во опозиција, сега, откако стана негов коалициски партнер во општината Карпош се реши да ги користи истите обиди на замолчување. Тие им порачуваат на Јакимовски и на неговиот партнер Груевски, дека опозицијата е цврсто решена да ги открие сите неразумни трошења пари на граѓаните, како и криминалите на власта, и тоа нивните тужби не можат да го спречат.

Веднаш по соопштението на СДСМ, реагираа од владејачката партија. Од таму велат дека не е нормално во нивните препирки, кавги и судски процеси со било кој во државава, па и со Стевчо Јакимовски, да го обвинуваат Никола Груевски. Според нив, СДСМ, препирките со сите останати да си ги расчистуваат помеѓу себе.

 

Поврзани новости