Што ќе се случи со лекарската лиценца на доктор Ставриќ?

by Fokus 15:49
15:49

Неизвесно е дали на очниот хирург Дејан Ставриќ времено ќе му биде одземена лиценцата за работа. Mожност за тоа постои само, ако судот донесе таква одлука, потврди денеска претседателот на Лекарската Комора, доктор Кочо Чакаларовски. Тој тврди дека Лекарската комора ги брани интересите на докторите, но не може да штити криминал во работењето на докторската фела.

– Во случајот со Ставриќ, ние лиценцата нема да му ја одземеме, ако не добиеме судски налог за тоа.  Без тоа, ние воопшто на таа тема нема потреба да разговараме. Досега до нас нема пристигнато таков официјален документ – истакна доктор Чакаларовски.

- Advertisements -

Неофицијално, во пресудата немало такво барање, а јавниот обвинител нема дадено предлог за одземење на лиценцата на очниот хирург Ставриќ.

Познатиот офталмолог на 26 мај, на само едно судско рочиште експресно беше осуден на една година затвор за наводно посредување за инвалидска пензија, при што, според обвинителството земал 2.000 евра мито. Тој 20 дена беше во притвор во истражниот затвор „Скопје“, при што е пуштен да се брани од слобода се до правосилност на пресудата.

 

 

Поврзани новости