698
По пресудата од 6 месеци затвор за Ален Зекиров, поранешен телохранител на директорот на УБК Сашо Мијалков, од СДСМ реагираат дека станува збор за двојни аршини во македонското судство, „контролирано од само еден центар, Никола Груевски и неговата фамилија“.
„Да се усмрти човек, процесот да се одолговлекува 5 години и тој да резултира со 6 месечна затворска казна, додека во низа други случаи, луѓе, за недокажани дела, лежат со години во притвор, или се еспресно осудени со огромни затворски казни покажува под какви притисоци функционира судскиот систем во Република Македонија и колку може да му се верува“, се вели во соопштението на СДСМ.