Штетите од земјотресот да се пријават на бројот 195

by fokus

Управувачкиот Комитет за справување со кризи по сединицата одржана по земјотресот во 15.10 часот отвори телефон за пријавување на штети.

– До 18 часот и 20 минути до отворениот телефон на Центарот за управување со кризи има 80-тина јавувања, каде што досега граѓаните известуваат за околу 30-тина штети кои се настанати во рамките на нивните објекти, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев по состанокот.

Ѓорѓиев, потсети дека штетите можат да се пријават на 195 .

– Сите оние граѓани кои што имаат потреба да пријават определена штета, тоа да го направат на отворениот телефон 195 или пак на мејл на ЦУК, за потоа тимови кои што се предводени од ИЗИИС да ги посетат истите овие објекти и да направат потоа увид во степенот на оштетување на определениот објект. Покрај тоа што граѓаните ќе можат да ги пријавуваат своите потреби за присуство на стручни тимови, Управувачкиот комитет ги задолжи сите општински кризни штабови во градот Скопје, како и кризниот штаб на Град Скопје, да извршат паралелно обиколка на сите определени места во нивната општина, особено во проверка на патната инфраструктура, инфраструктурата во делот на водовод, канализација – рече Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев информира дека се задолжени сите општински кризни штабови да извршат увид на терен на состојбата на објектите и на инфраструктурата и да пријават штети.

Како што информирање владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, и соите други институции, заедно со АРМ и МВР, се во состојба на зголемена готовност.

kola1

kola2

Фотографија: Томислав Георгиев

Поврзани новости