Дел од скопјани ноќта ќе ја поминат пред своите домови

by fokus 21:20
21:20

Исплашени од серијата земјотреси што денеска го стресоа Скопје, дел од жителите на главиниот град се собираат на улица, пред своите домови каде што планираат да ја поминат ноќта.

Во страв од нови земјотреси некои скопјани ги напуштија домовите и заминаа кај своите роднини во внатрешноста на државата.

Не постои сеизмолог или експерт по земјотресно инженерство кој може прецизно да каже дали ќе има или не нов земјотрес, вели првиот човек на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија (ИЗИИС) Михаил Гаревски.

Според него, земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтер не би требало да направи оштетувања на главната конструкција на зградите.

 

 

Поврзани новости