Германија очекува по изборите во Македонија, новата влада да се формира брзо, а на Специјалното јавно обвинителство да му се овозможи да работи непречено за откривање и казнување на злоупотребите на власта, јави дописникот на МИА од Берлин.
-Сега е важно владата да се формира брзо и таа да го искористи својот мандат да спроведе итни реформи. Во областите на владеење на правото, јавната администрација како и во слободата на медиумите и изразувањето на земјата и се потребни итни убедителни резултати. Специјалното Јавно обвинителство мора да биде во можност да продолжи со својата работа без пречки со цел да открие и да казни злоупотреба на моќ и власт- порача денеска министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер во соопштение испратено до германското МНР.
Според официјален Берлин ова е предуслов за граѓаните да ја вратат довербата во државните институции и единствен начин земјата повторно да се врати на патот на евроатланските интеграции.