Објавените резултати од некои места не одговараат на записниците од гласањето

by fokus 21:19
21:19

Во Државната изборна комисија пристигнал гласачкиот материјал од речиси сите општински изборни комисии.

ДИК треба да го прифати уште материјалот од Чаир,по што се очекува да се оддржи прес конференција, на која ќе бидат објавени прелиминарните резултати од вчерашното гласање.

- Advertisements -

Членови на Комисијата неофицијално потврдуваат дека има несогласувања меѓу записниците од неколку избирачки места со резултатите внесени во електронскиот систем.

Додека некои од нив тоа го објаснуваат како техничка грешка на ИТ секторот што ги внесува податоците од записниците,други се воздржуваат од оценки, истакнувајќи дека политичките партии ќе можат да поднесат приговори за ваквите спорни ситуации, па тие ќе ги разгледаат дали се основани или не.

-Ние гледаме дали записникот е во ред, дали има печат, приговори, но не го споредуваме. Партите ги имаат записниците и може да приговорат кон гласањето на избирачките места каде сметаат дека имало неправилности – ни изјави еден од членовите на телото задолжено за спроведување на изборите.

В.С.

Поврзани новости