Штајмајер: Германија ќе се ангажира за Западниот Балкан

by Фокус

Се радувам што моите колеги од сите држави на Западен Балкан и други активни партнери ќе пристигнат во Берлин. Со оваа конференција се нагласува дека Германија и понатаму се ангажира со голема заложба за целиот регион, изјави денеска германскиот сојузен министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер за денешната средба со неговите колеги од Западен Балкан.

„Германија ја потврдува нашата афирмација за ЕУ- перспективата на сите држави од Западен Балкан. Сакаме да ја искористиме нашата средба за да ги испочитуваме досегашните напредоци на регионот на патот кон Европската унија. Истовремено ќе дискутираме за прашањата кои се клучни за темпото и успехот на приближувањето на Западен Балкан кон ЕУ. Притоа, сигурно ќе стане збор и за тоа како земјите може да продолжат со неопходните реформи и во рамки на регионалната соработка. Со оглед на актуелните меѓународни кризи во нашето соседство сакам да се консултирам со моите колеги за тоа како може заедничките европски вредности и интереси засилено да се пресликаат во единствена европска надворешна политика – додаде германскиот министер за надворешни работи.

Поврзани новости