Дрвена палка меѓу доказите за убиството во Ѓорче Петров

by fokus 12:57
12:57

До тогаш, според проценките на Рубин Двојаков, адвокатот на осомничениот за убиството, Насер Ештрефи, треба да заврши истрагата. Како што дознаваме, исказ пред обвинителот дал и Насер  и таткото на убиеното момче. Исто така, до крајот на септември останува да се испитаат сведоците и да се анализираат доказите, по што обвинителот ќе го подготви обвинителниот акт, а случајот ќе влезе во Кривичниот суд.

Адвокатот Двојаков истакна дека не смее да изнесува детали од истрагата. Сепак, познато е дека оружјето со кое беше извршено убиството, ножот, се уште не е пронајден, но како што дознаваме, меѓу доказите е дрвена палка. Како ќе влијае овој доказ врз случајот, останува да се почека. Познато е дека Насер до обвинителството доставил медицинска документација, со која докажува дека имал телесни повреди предизвикани од тап предмет.

- Advertising -

Не е тешко да се претпостави дека одбраната ќе настојува да докаже дека убиството се случило во самоодбрана, но сепак клучно ќе биде и сведочењето на таткото на убиениот Ангел, кој бил непосреден сведок на немилиот настан. Исто така како курцијален доказ се очекува да бидат и снимките од камерата, поставена на болницата која е во непосредна близина на местото на убиството.

Трагедијата која го потресе главниот град се случи на 19 мај. Според информациите од МВР, Насер се обидел да го украде велосипедот на Ангел, но откако бил забележан, се откажал од намерата и избегал. Нешто подоцна бил пресретнат од Ангел и неговиот татко, по што се случи и убиството.

 

Поврзани новости