475
Од БЕСА ги нарекоа шпекулации медиумските написи дека ова ново албанско движење, кое наскоро треба да прерасне во политичка партија, преговара за премин на пратеници и истакнати претставници од владејачката ДУИ.
Еден од оние кои беше споменат со име и со презиме е поранешниот министер за здравство и портпарол на „интегративците“ Бујар Османи, кој наводно бил незадоволен од дистанцирањето од партискиот врв.
Слични шпекулации за премин на функционери од ДУИ имаше и по формирањето на Нова Демократија (тогаш во овој контекст се споменуваа Џевад Адеми и Рафиз Алити), но ниту една од нив не испадна точна.