Шпанци во Скопје: Атмосферата е прекрасна

by fokus

Плоштадот „Македонија“ е под силно полициско обезбедување по повод свечената литургија која треба да ја одржи денеска поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Граѓаните се пропуштаат по деталната проверка на пунктовите и потоа се сместуваат во одредени зони на оградениот простор каде се во исчекување на доаѓањето на папата.

Се очекува на плоштадот „Македонија“ да се соберат околу 15 илјади граѓани од земјава, но и од странство, пред се, од поширокото соседство. Од Хрватска се дојдени да го видат папата околу илјада верници.

Но посетители има од секоја страна на светот. Репортерот на „Фокус“ разговараше со верници кои пристигнале од Шпанија.

-Првпат сум во Скопје, градот е убав, многу луѓе, убава атмосфера. Дојдовме да го видиме папата. За мене тоа е убава работа. Сум била претходно да го видам папата. Сум била во Хрватска, Болоња, Полска. Атмосферата тука во Скопје е прекрасна. Не сум сигурна колку католици има тука, но во Србија има многу малце – вели Роса Каталина од Шпанија.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости