714
Шпанско истражување посочува дека ревакцинирањето на лицата со вакцината „Фајзер“, а кои веќе ја примиле првата доза на вакцината „АстраЗенека“ е крајно безбедна и ефикасна, наведуваат самите истражувачи.
Истражувањето „Комбивакс“, предводено од шпанскиот Институт за јавно здравје „Карлос III“, открило дека имунолошкиот одговор кај луѓето кои примиле втора доза вакцина „Фајзер“ е меѓу 30-40 пати поголем отколку кај луѓето кои ги примиле двете дози од вакцината „АстраЗенека“.
Но, меѓу 600-те учесници во истражувањето, регистрирани се и неколку сериозни несакани ефекти, изјавија авторите на студијата за британските медиуми.