537
Македонската ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз на Европското првенство, откако на првиот натпревар од главната фаза загубивме од Шпанија со убедливи 20-31.
Шпанците од самиот старт тргнаа напаѓачки и направија предност која што ја надградуваа и одржуваа во целиот натпревар.
Мечот беше решен по само 30 минути игра, откако Шпанците го добија првото полувреме со 15:5.
Со овој пораз Македонија има минимални шанси за влез во полуфиналето или ќе треба да ги победи Чешка и Данска.
На трибините присутен беше и премиерот Зоран Заев.