Раул Гонзалес: Одигравме лошо, сакам да го заборавам овој натпревар

by Fokus

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез призна дека вечерва Македонија немала никаква шанса против Шпанија во првиот меч од втората фаза на ЕП во Хрватска во Вараждин.

„Немавме шанса денеска. Од првата минута бевме во негатива, одигравме лошо и јас сакам на крај сепак ова да го заборавам. Беше јасно дека што Киро (Лазаров – н.з.) не може да игра, а тој е наш клучен играч, не можеме ништо. Шансите ни се нула. Ќе видиме што ќе биде, но знам дека не можеше да го одигра мечот до крај“, изјави Раул по мечот.

Поврзани новости