Шопова тврди дека како комисија не биле консултирани за спорните песни: Ги осудувам сите шовинистички и дискриминаторски ставови

by Fokus

Николина Андова Шопова, една од трите членови на комисијата која одлучувала за наградените песни на млади автори се оградува од спорната Збирка поезија на Агеницјата за млади и спорт, која предизвика низа негативни реакции во јавноста.

Таа на својот фејсбук профил објасни која била нивната улога како комисија и нагласи дека ги осудува сите шовинистички и дискриминаторски ставови, и никогаш не би вклучила такви песни во кој било избор од ваков тип.

„Во врска со конкурсот за млади поети распишан од Агенцијата за спорт и млади, комисијата во состав Јовица Ивановски, Николина Андова Шопова и Тихомир Јанчовски имаше задача да додели три награди за најдобрите три песни. Тоа беше и единствената обврска на членовите на жирито, кои не учествуваа во уредувањето на збирката и селектирањето на песните што ќе бидат застапени во неа. Текстот објавен како предговор на збирката го пренесува генералниот впечаток за сите пристигнати песни. Уште еднаш, нагласувам дека ние како жири комисија не бевме консултирани околу изборот на песните што ќе бидат отпечатени. Одлуката за неселективно објавување на содржини нема врска со жири комисијата, чиишто обврски беа ограничени на избор на три песни – пишува Андова Шопова на својот фејсбук профил.

 

Поврзани новости