Шолц „нападнат“ од полуголи жени: Гасно ембарго веднаш

by Фокус

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска прими силна порака од жените кои протестираат во Берлин.

Шолц присуствуваше на отворените денови на сојузната влада кои носат порака „Демократијата повикува“.

Денеска беше организиран и ден со сојузниот канцелар на кој Шолц разговараше со граѓаните.

Меѓутоа, во еден момент околу него се појавиле две полуголи жени кои на градите напишале порака „гасно ембарго веднаш“.

Нивната порака се однесува на воведувањето гасно ембарго против Русија поради инвазијата на Украина, на што германскиот канцелар досега се противеше.

Поврзани новости