463
Иако беше најавено нивна посета во Скопје во среда, сепак советникот во Стејт департментот, Дерек Шоле и заменик-помошникот секретар во Стејт департментот и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар ја одложија нивната посета.
Како што пренесува Дојче Веле, од Американската амбасада во Скопје за потврдуваат дека добиле известување дека американскиот тим кој требаше в среда да допатува во Скопје, има испратено известување дека посетата на регионот се одложува за по Нова Година. Нема објаснување зошто е одложена посетата.