Шок за Милан: Донарума го пропушта Јувентус, Пакета во „аут“ до крајот на сезоната?!

by fokus

По синоќешното реми со Удинезе, Милан се наоѓа повторно во непријатна ситуација. Тимот на Гатузо може лесно да ја препушти и четвртата позиција на Лацио, но главоболките на „росонерите“ се поради повредите на Донарума и Пакета.

Според информациите од Италија, голманот на Милан ќе паузира во наредните два натпревари, што значи ќе го пропушти дербито со Јувентус, но најверојатно и мечот со Лацио во Купот на Италија.

Од друга страна, ситуацијата со Пакета е мошне сериозна. Тој заработил истегнување на лигаментите и ќе биде во „аут“ неколку седмици, а медиумите од Италија го најавуваат најлошото – дека сезоната за него е завршена.

Со ваквиот развој на настаните, Гатузо ќе мора да добро да го скрои тимот пред тешкото гостување кај Јувентус, кој е во одлична форма.

Фото – Емилио Андреоли

Поврзани новости