Османи: Мора да се најде решение за СЈО

by fokus 14:19
14:19

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи денеска изјави дека мора да се најде решение за Специјалното јавно обвинителство бидејќи тоа е еден од столбовите во борбата против корупцијата, покрај Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Обвинителството, Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Координативното тело за борба против организиран и сериозен криминал.

Одговарајќи на новинарско прашање по работната посета на Државниот завод за ревизија, Османи рече дека формално мандатот на СЈО завршува во септември, а тие сакаат законот за јавно обвинителство да биде донесен до јуни, пред објавувањето на Извештајот на ЕК за да може да им се олесни на земјите членки на ЕУ одлуката за отворање на преговорите.

- Advertisements -

– Од прв ден реков дека мора да работиме на две траектории, дека најдобро идеално решение би било да најдеме консензус општ бидејќи тоа ќе се одрази на кредибилитетот на институцијата, меѓутоа и на пораката што ја праќаме до земјите членки дека ние не се разликуваме како политички партии од било кој дел на спектарот во однос на враќањето на владеењето на правото. Треба да се исцрпат сите можности за постигнување договор. Фактот дека има разговори, дека има предлози од една и од друга страна, имало и четврта рунда во која повторно се отворило дебата по однос на конкретни прашања. Тоа е добро и треба да се одржи таа динамика на обид за изнаоѓање решение, а паралелно ние да разговараме со тие што ја носат одлуката на крај, рече Османи.

Османи потсети дека има два приниципа кои се тешки за компромис – одредена автономија во функционирањето на едно антикорупциско тело и завршување на сите индиции од прислушуваните материјали.

Поврзани новости