412
Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит изјави дека нема индиции дека повторно ќе избие војна во Босна и Херцеговина или Западен Балкан, без оглед на настаните во Украина.
– Мојата порака е јасна. Засега немаме назнаки дека има некакви тензии на Западен Балкан и БиХ и дека луѓето треба да се плашат од војна или насилство“, изјави Шмит за сараевски Аваз.