Шкупи не издржа, Адеми ги растажи „чаирчани“

by Fokus

Македонскиот првак Шкупи не успеа да направи сензација вечерва и потклекна пред хрватскиот гигант Динамо Загреб во квалификациите за пласман во групите на ЛШ и доживеа минимален пораз од 1-0 на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Човек кој го постигна единствениот погодок беше Аријан Адеми на стартот од второто полувреме, кога остана сам во шеснаесетникот и без проблем го совлада домашниот голман Наумоски.

Од друга страна, тимот на Гоце Седлоски прикажа одлична игра во текот на целиот натпревар и може да жали што не успеа да го продолжи своето европско лето.

Поврзани новости