Актуелниот македонски фудбалски шампион, Шкендија од денеска со Французин во својот ростер. Тетовци го промовираа Абубакер ес Сахал кој под Шара пристигна од тимот на Генгам.
Тој се поврзуваше и со трансфер во Бенфика, Вулверхемптон, Стоук и Аталанта
Станува збор за напаѓач кој има 19 години, доаѓа од Генгам и во минатото беше дел од националните селекции на „триколорите“ за фудбалери до 17 и 18 години.
-Запознат сум со освоените титули на клубот во првенството и во Купот, знам дека екипата редовно игра во квалификациите за европските фудбалски натпреварувања, неколкупати беше во плејофот за Лига Европа што ме наведе на заклучок дека е најдобар клуб во Македонија. Одлично сум прифатен и се надевам дека ќе дадам придонес во уште поголеми успеси на екипата, рече Ес Сахал.