Основниот суд Скопје 1 денеска донесе одлука со која притворот на Мирослав Шиповиќ, претседавач на Советот на Центар, му се заменува со домашен.
„Претседателот на Судечкиот совет кој го води предметот К.бр. 32/14 во јавноста познат како „Претседавач“ при Основниот суд Скопје 1 – Скопје по службена должност донесе одлука на обвинетите М.Ш., В.Д., С.Г., С.Т. и на Н.Ш. мерката притвор да им ја замени со мерка куќен притвор, со оглед на тоа што обвинетите досега не се осудувани, не се води друга постапка против нив, а воедно покажале и примерно однесување во текот на досегашната постапка. На денешното рочиште својата одбрана ја јаде деветто обвинетата С.Г. Следнот рочиште е закажан за 27.05.2014 година во 09 и 30 часот со сослушување на обвинетиот С.К“, се вели во соопштението на судот.
Обвинетите во притвор беа осум месеци.