Шиповиќ на потег – идниот понеделник ќе се гласа за спорниот ДУП кај „Панорама“ !

by Фокус 15:12
15:12

На нова седница во понеделник во 13 часот советниците од Општина Центар повторно ќе одлучуваат за двата спорни детални урбанистички планови со кои се предвидува и изградба на десеткатница на Водно, потврдуваат за „Фокус“ од локалната самоуправа.

Пред десетина дена советниците на ВМРО-ДПМНЕ подржани од претседавачот Мирослав Шиповиќ ги поставија овие точки на дневниот ред, по што останатите советници од СДСМ и од коалицијата ја напуштија седницата во чие продолжение 11 советници од партијата на Груевски гласаа за плановите, додека Шиповиќ се изјасни против. Иако потегот на Шиповиќ беше сфатен како обезбедување на кворум за гласањето на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш се испостави дека оваа одлука не е легална бидејќи не е донесена со мнозинство од вкупниот број на советници.

- Advertising -

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски во интервјуто за последниот број на неделникот „Фокус“ не го исклучи сценариото Шиповиќ овој пат да гласа за плановите.

Поврзани новости