Шимпанзото во Зоолошката во Скопје ќе се луксузира во живеалиште од 290.000 евра

by fokus

Живеалиште за шимпанзо, вредно 290.000 евра, се гради во Зоолошката градина на Град Скопје.

Минатата година, во август, Зоолошката склучи договор за изградба на живееалиштето, избирајќи ја тетовската градежна фирма „Квалитет Бетонида“, како најповолен понудувач, за 232.563 евра. На тендерот тогаш се јавила уште една компанија, но нејзината понуда била речиси двојно поскапа.

Според скулчениот договор, кој е објавен на Бирото за јавни набавки, градежната компанија се обврзала работата да ја заврши за седум месеци, или до март годинава. Но, денеска на сајтот на Бирото за јавни набавки осамна уште еден договор, анекс, кој бил склучен во октомври, меѓу Зоолошката и градежната фирма, со кој компанијата ќе добие дополнителни 57.453 евра, за да го доврши живеалиштето на шимпанзото.

Анексот се правда поради непредвидени работи.


„Фокус“ се обиде да стапи во контакт со директорот на Зоолошката, за да појасни за што точно ќе се потрошат дополнително доделените пари, но никој не одговори на нашите телефонски повици.

В.В.

Поврзани новости