По објавата на Курир.рс дека за Новогодишната ноќ скопјани за 100.000 евра ќе ги забавува Дино Мерлин, со реакција на фејсбук се јави градоначалникот Петре Шилегов.
„Почитувани непочитувачи, гледам дека сте се распишувале за Дино, Винтерленд, колку, што, како … (при тоа ретко кажувате дека тоа не се наши, буџетски пари, туку спонзорски).
А колку чини среќата на Скопјани ?
Еве Ви фотографии.
Колку чини оваа среќа, љубов, незаборавни моменти на Скопјани ? Моменти што животот го прават убав, полн со сеќавања. А сеќавањата се нешта што стареат со нас, добиваат вредност со нас, со нашите години, со нашите спомени.
Радоста и сплотеноста на Скопјани е мноооогу, многу повредна од Вашата црна кампања. Ваш е изборот. Искрено се надевам дека ќе најдете сила да ја пронајдете и поубавата страна од животот.
Дотогаш, барем радувајте се на туѓата среќа. Така полесно ќа ја најдете и сопствената.
Со почит !!!, напиша Шилегов.