Шилегов: За разлика од претходниците, не сечеме дрва за да градиме згради!

by fokus

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска присуствуваше на засадувањето на новите јапонски цреши на улицата „Максим Горки“. Тој додаде дека градот продолжува да се грижи за зеленилото

„Во 2017 година е констатирана болеста на дрворедот на цреши. Затоа влеговме во набавка за нови јапонски црешки а нивниот животен век е 30-40 години. Сериозни инвестираме во зеленилото и за разлика од претходниците, не сечеме дрва за да градиме згради. Знаеме дека 70 отсто од зеленилото е уништено во проектот „Скопје 2014“, истакна Шилегов.

 

Поврзани новости