Неколку земјотреси во околината на Битола

by fokus 10:55
10:55

Серија земјотреси чии епицентри припаѓаат на пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во соседна Грција се регистрирани вчера и во текот на денешниот ден, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Два од нив, од кои едниот утринава во 07:41 часот и вториот вчера во 15:40 часот, се почувствувани во околината на пограничниот премин Меџитлија со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала и во околината на Битола со интензитет од три степени.

- Advertising -

Првиот земјотрес бил со Рихтерова магнитуда од три степени, а вториот со магнидута 3,3 степени.

Поврзани новости