За десет дена граѓаните ќе ја земат судбината во свои раце и ќе порачаат дека нема да има никаква федерализација и кантонизација, туку ќе има конфискација, рече Петре Шилегов, носителот на листата на кандидати за пратеници на коалицијата што ја предводи СДСМ во 6ИЕ.
Шилегов зборуваше на плоштадот во Гостивар од каде што му порача на Груевски дека неговиот коалициски партнер ДУИ ги урнал сите црни сценарија кои ги пропагираа изминативе денови.
„Паднаа во вода сите лаги, сите интриги, сета негативна кампања за некаква си федерализација и кантонизација на Македонија. Од неговиот коалиционен партнер беше соопштено провидното сценарио, беше соопштено дека УЧК раководи со државните институции и дека албанскиот јазик го воведува во употребува на целата територија на Македонија“, рече Шилегов.
Од Гостивар порачуваме дека единствена Македонија, сплотени граѓани се нашата иднина и иднина на нашите деца. Тука сме за да го прошириме животот во Македонија, порача Шилегов.