ВИДЕО Заев во Валандово го повика Груевски на дуел

by fokus 21:03
21:03

„Народот е разбуден, како котел врие цела Македонија. Народот го чека 11-ти декември за да си ги врати слободата и демократијата, за да си го врати животот во Македонија. А Валандово вечерва е уште една потврда за тоа. Уште една потврда за голема победа“ рече Зоран Заев на митингот во Валандово.

Лидерот на СДСМ на сите што се уште молчат им упати охрабрувачка порака да не се плашат од злосторничката банда на Груевски и да се вклучат во борбата за живот. Посебно им се обрати на луѓето од ВМРО ДППМНЕ и им порача дека тие не се виновни, туку само неколкумина од врвот на партијата.

- Advertisements -

valandovo3

Заев од митингот во Валандово го повика Груевски да не се плаши и да излезе на дуел, очи в очи да разговараат за економијата, за младите, за вистината во Македонија.

Тој ги повика валандовчани да не се плашат, со кренато чело на 11-ти декември да му кажат збогум на Груевски и сите заедно да си го вратиме животот затоа што тој е само еден-резервен немаме.

Заев вети дека Планот за живот ќе биде учебник за секој член на идната власт која гарантира достоинствен живот за сите во Македонија.

Поврзани новости