Тачи во Желино: Ќе бараме странските инвеститори да вработуваат по етничка линија

by fokus

На митингот кој ДПА го одржа во Желино, лидерот Мендух Тачи порача дека само со платформата која ја нуди ДПА, ќе се подобри статусот на Албанците, јави Мета.

– Со оваа платформа, сакаме да се спречат агресијата и неоправданото казнување на Албанците – изјави Тачи.

Тој додаде дека ако ДПА дојде на власт ќе работи домаќински и во интерес на народот.

– Ахмети не разбира дека државата ги зема парите од граѓаните и со тие пари живеат функционерите. Ние кога ќе дојдеме на власт, нема да правиме дупки во буџетот. Ќе бараме да се инвестира во средини каде што живеат Албанци за да имаме силна економија. Ќе се залагаме странските фирми кои инвестираат тука, да вработуваат врз основа на етничка линија – истакна Тачи.

Според лидерот на ДПА, ДУИ само ја изолира Македонија од евроатлантските структури и затоа мора да биде поразена на овие избори.

Поврзани новости