Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната седница на градското собрание појасни дека дал наредба да се отпочне со дислокација на бродовите од Вардар. Се работи како што рече за правна постапка која е во почетна фаза.
Како што рече Шилегов галиите се изградени со дозвола за поставување урбана опрема иако се градежни објекти.
-Мојот претходник му изгради насип на својот шура за да го заштити од поплави, јас дасов налог да го отстранат тој насип затоа што го попречува течението на Вардар -рече Шилегов.
Тој не сакаше да прејудицира дали има индиции за криминал и бизнис интереси во одлуките на претходниот градоначалник Коце Трајановски.
-Тоа треба да го кажат истражните органи. Еден е шура на Коце, тоа цело Скопје го знае – изјави градоначалникот.
Според него поради објектите на Скопје 2014 излевањето на Вардар претставува реална закана. Шилегов потсети дека секој пат по обилни дождови реката се излева во секундарното корито.
Град Скопје неодамна даде наредба да се отстранат насипите кај галиите и градежниот шут кај панорамскпто текало за да се овозможи нормален проток на водата.