Јован Јосифовски, судија во Уставен суд, исто како и Елена Гошева, претседателка на Уставниот суд, има конфликт на интереси и треба да поднесе оставка од функцијата, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
– Јосифовски и неговото семејство се партискои поврзани со ВМРО-ДПМНЕ. Токму затоа тој не може да одлучува објективно, непристрасно и согласно законот, кога станува збор за изборни криминали на ВМРО-ДПМНЕ. Од 2006-та до 2011 година Јосифовски бил претседател а и член на Државната изборна комисија предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Како член на ДИК, Јосифовски учествувал во избори коисе предмет на кривично-правна истрага за изборни нерегуларности. За Уставен судија, Јосифовски е предложен од Илија Димовски, односно од ВМРО-ДПМНЕ и во отсуство на пратениците од опозицијата е избран во 2012 година. Дополнително, синот на судијата Јован Јосифовски, Борис, е генерален секретар во Кабинетот на Ѓорѓе Иванов, од ВМРО-ДПМНЕ. Борис Јосифовски бил советник во Советот на општина Гази Баба, исто така од ВМРО-ДПМНЕ. Ова ја покажува директна партиска поврзаност на Јосифовски со ВМРО-ДПМНЕ – тврди Шилегов.