Николовски со пријава за министерот Цветков за случајот со „Силекс Неметали“

by Фокус

Оваа кривична пријава со сите обезбедени докази, е за скандалот со доделувањето тендер од Министерството, тежок половина милион евра, на фирмата „Силекс неметали“, сопственост на „Силекс“ АД Кратово. Кога „Силекс неметали“ го добил тендерот и кога се исплатени средствата преку Платежната агенција, Михаил Цветков во исто време е министер за земјоделство, но и член на Управниот одбор на „Силекс“ АД Кратово, нагласи Николовски по доставувањето.

Ова, оцени дополнителниот заменик-министер, е класичен судир на интереси, злоупотреба на државните институции и на парите на граѓаните, како и на медиумите, што покажува дека е нопходно нивно регулирање.

Кривичната пријава е прва за министерот Цветков од дополнителниот заменик-министер откако досега беа поднесени неколку против раководители на подрачни единици на Министерството за земјоделство.

Поврзани новости